Ali Kemal Akan
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ТБММ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, истакна дека ги осудува нечовечките ставови на безбедносните сили на Грција кои со вистински куршуми отвораат оган врз сириските мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп го напиша тоа во објава на својот профил на Твитер.
„Ги осудувам незаконските и нечовечките ставови на безбедносните сили на Грција кои со вистински куршуми отвораат оган врз мигрантите во граничната зона која беше посетена од страна на членовите на Комисијата за човекови права при ТБММ. Европските држави треба да се засрамат од овој див став на Грција, земјата што ја поддржуваат“, нагласи Шентоп.