Merve Yıldızalp
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
КИЛИС (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим за време на посетата на Хатај и Килис го рече следното: „Врз Турција се извршни 94 ракетни напади, 60 врз Хатај и 34 врз Килис. Во овие напади на терористите на ПЈД/ПКК загинаа 7 цивили, а 113 лица се ранети”
Премиерот на Турција Јилдирим за поддршката која им се дава на терористите на ПЈД/ПКК изјави: „Доколку сојузништвото продолжува, тогаш нема да го почитувате зборот на никаквеците, туку базирајќи се врз пријателството, ќе го почитувате зборот на Турција”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во врска со кампањата на оцрнување на операцијата ‘Маслинова гранка’, премиерот Јилдирим рече: „Имам неколку збора за оние кои ја поддржуваат спроведуваат кампањата на оцрнување. Вие сте наш НАТО сојузник и заедно работиме на различни полиња”.