Sertaç Bulur
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“, започната на 20 јануари оваа година, со цел неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сирискиот Африн, неутрализираа вкупно 947 терористи, објави Генералштабот на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија од Генералштабот на Вооружените сили на Турција, денеска се неутрализирани 12 терористи на ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) т.е 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во јули 2012 година, без борба им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на таа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално држат под окупација 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат помеѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и ЕУ. ПКК уште од средината на 1980-те години води терористичка кампања против Турција.