Can Erözden
09 Јули 2016•Ажурирај: 09 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Соработката помеѓу Турција и курдската регионална Влада на северен Ирак е од голема потреба со цел борба против терористичките организации ДАЕШ и ПКК, рече турскиот премиер Бинали Јилдирим во разговор со неговиот колега во Курдската регионална влада Нечирван Барзани, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот премиер Бинали Јилдирим, при телефонски разговор со неговиот колега, премиерот на Курдската регионална влада, Нечирван Барзани дека терористичките групи работат на тоа да го нарушат мирот и стабилноста на Турција и Ирак, вклучувајќи ја и Курдската регионална влада, велат извори од канцеларијата на премиерот Јилдирим.
Барзани наводно ѝ се заблагодарил на Турција за поддршката на стабилноста и благосотојбата на Курдската регионална влада, додавајќи дека се во целосна соработка и солидарност со Турција во борбата против тероризмот.
Двајцата премиери исто така се согласија да ги одржат напорите и дијалогот со цел да ја зајакнат соработката во сите области, посебно во економијата, трговијата и енергијата, изјави изворите.
Покрај тоа, Барзани изрази сочуство до сите жртви кои го загубија животот во терористичкиот напад кој се случи на истанбулскиот аеродром „Ататурк”, минатиот месец.
Вкупно 45 лица загинаа во терористичкиот напад за кој е обвинета терористичката група ДАЕШ.
ПКК - која се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата 30 годишна вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
Оттогаш, речиси 600 членови на безбедносниот персонал, вклучувајќи трупи, полициски службеници и селски чувари, загинаа, и повеќе од пет илјади терористи на ПКК се убиени во операции ширум Турција и северен Ирак.