Seyit Ahmet Aytaç
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, денес истакна дека Турција дава повеќе средства за образовниот систем од Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Јилмаз како гостин во уредничкиот деск на АА потсети дека кога Партијата за правда и развој (АK Parti) дошла на власт во 2002 година, Турција била последна земја меѓу земјите на ЕУ во финансирањето на своето образование.
„Кога започнавме да раководиме со земјата во 2002 година, еден наставник беше распореден на 28 ученици, а таа бројка се намали на 17 ученици. Со оваа бројка сме подобри од Италија и Франција“, изјави Јилмаз.
Јилмаз додаде дека вработиле речиси 585.000 наставници досега, и дека им се потребни уште 100.000 наставници.
„Во план е вработување на 25.000 наставници до септември 2018 година“, додаде Јилмаз.
Со проектот за унапредување на можностите и унапредување на технологијата, познат како проект ФАТИХ (FATIH), Владата на Турција инсталираше 430.000 паметни табли во училниците.
„Нашата цел е да имаме образовен систем кој ќе подигне среќни, здрави и мирољубиви индивидуи“, додаде Јилмаз.