Mesut Zeyrek
17 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
КЕЛН
Големо внимание на социјалните мрежи привлече рекламата на ланец супермаркети во Германија, во која станува збор за стар и дисциплиниран Германец чии предрасуди кон странците ги руши едно турско семејство, известува Агенција Анадолија (АА).
Во рекламниот спот придружуван со емотивна музика во заднина, стариот Германец, кој се однесува дистанцирано и со предрасуди кон своите соседи Турци, се лути на звукот што децата на неговите соседи го прават додека играат и не сака да ја земе баклавата што му е понудена.
Стариот Германец, кој ја украсува својата врата и ја подготвува елката за Божиќ, преку телефонски повик дознава дека е позитивен на новиот вид коронавирус (Ковид-19), по што е многу тажен.
Турците соседи кои забележале дека соседот Германец кој живее сам, од вратата ги отстранил украсите и на неа го поставил предупредувањето дека е „заразен со Ковид-19“, му подготвуваат изненадување со убава божиќна вечера и во украсен послужавник му ја оставаат пред врата, притискајќи на ѕвончето. Болниот човек доживува емотивни моменти од ова убаво изненадување кое пред врата му го носат децата.
Рекламата која започнува на германски, а завршува со турските зборови „Најдоброто нешто на светот е стекнување пријатели“, на социјалните мрежи е одлично прифатена, како од германската, така и од турската популација во Германија.