Zuhal Demirci
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ТИРАНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кој е во официјална посета на Албанија, во Тирана се сретна со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата, двајцата министри одржаа заедничка прес-конференција.
На прашањето упатено до министерот Чавушоглу во врска со обидот за државен удар во Турција, на 15 јули 2016 година, турскиот министер потсети дека таа вечер беа бомбардирани Парламентот, важни делови на Истанбул и Анкара, при што животот го загубија 251 лице.
Чавушоглу, велејќи дека Албанија, по обидот за државен удар е пример на силна солидарност со Турција, истакна дека Албанија, од друга страна е земја во која има многу сериозна структура на ФЕТО, и додаде дека оваа организација претставува многу сериозна закана за Албанија.
Министерот Чавушоглу рече дека во Албанија има припадници на терористичката организација ФЕТО, и истакна дека од пријателската Албанија очекуваат нивна екстрадиција во Турција.
„Официјално ја дадовме листата на лицата, чија екстрадиција ја очекуваме од Албанија, а официјално упативме и писмено барање“, рече Чавушоглу.
Чавушоглу рече дека, користејќи го образованието и образовниот систем, ФЕТО се инфилтрира во државниот систем, и додаде:
„Во Албанија има припадници на ФЕТО за кои упативме барање за нивна екстрадиција и очекуваме пријателската Албанија тоа да го стори.“
Истакнувајќи дека ФЕТО продолжува со својата работа против Турција, Чавушоглу рече дека при секоја средба, на пријателските земји им доставуваат листа на организациии и институции на оваа организација, посочувајќи дека очекуваат овие земји да се солидаризираат со Турција во борбата против ФЕТО.