Zülfiya Yakup
19 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
ПРИШТИНА (AA) – Претседателот на Косово Хашим Тачи го прими министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу со кој разговараше за севкупната соработка помеѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тачи му се заблагодари на турскиот министер за поддршката која народот и државата Турција ги пружиле на Косово во сите периоди.
На овој состанок е разговарано и за можноста за зголемување на трговската размена помеѓу двете држави, како и можноста да се забрза економскиот раст, соопштено е од кабинетот на претседателот Тачи.
Тачи нагласи дека Косово и Турција имаат пријателски односи и стратешка соработка и му се заблагодари на поддршката која Турција ја дава на консолидацијата на државата Косово во светот.
„Денес е верна поддршката на Турција во јакнењето на меѓународната субјективност на Косово, како во признавањето, така и за зачленување во меѓународните организации", рече Тачи.
Според неговите зборови, Косово е благодарно за постојаната поддршка која ја добива од Турција во сите области.
Говорејќи за настаните во регионот, Тачи рече дека Косово настојува да постигне мировен договор со Србија, што ќе ја отвори европската перспектива за двете земји.
„Договорот е во интерес на двете земји", додаде Тачи.
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција ги поддржува напорите за одржив мир во регионот, а во таа смисла и ангажираност за постигнување на договор помеѓу Косово и Србија.
„Ќе продолжиме да поддржуваме во секој поглед, државата и народот на Косово", рече министерот Чавушоглу.
На состанокот е разговарано и за проширување на билатералната соработка во секторите на економијата, како и безбедноста и одбраната.