Fatjon Cuka
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ТИРАНА/ДРАЧ (АА) – Апелациониот суд во Драч, Албанија, денес донесе мерка за приведување на турскиот државјанин Мухамед Јасир Ајдогмуш, со цел да биде екстрадиран во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Рочиштето за Ајдогмуш, кој се бара од страна на турските власти за „поврзаност со терористичка организација“, се одржа денес во Апелациониот суд во Драч, по барањето на Обвинителството на Драч.
„Донесена е пресуда за приведување на турскиот државјанин Мухаммет Јасир Ајдогмуш, со цел да се изврши екстрадиција во Турција“, потврди за АА апелациониот суд во Драч.
Потсетуваме, на 8 октомври, со фалсификувана патна исправа, на граничниот премин на пристаништето во Драч беше запрен турскиот државјанин Ајдогмуш, заедно со сопругата и двете деца, при обид да патува за Италија, при што е установено дека е баран од страна на турските власти за „поврзаност со терористичка организација“. Според одлуката на првостепениот суд во Драч, тој признал дека фалсификувал четири патни исправи за сите членови на неговото семејство. Ајдогмуш претходно побара политички азил во Албанија, а дека поднел барање, потврдено е за АА од страна на првостепениот суд во Драч.
Албанските власти тогаш потврдија дека Ајдогмуш е приведен, а децата заедно со неговата сопруга се испратени во прифатниот центар за странци во подрачјето Бабру, северно од Тирана.
Од друга страна, полицијата во Драч потврди дека чекаат да се разјасни одлуката на судот за продолжување со другите процедури, а според одлуката, тој треба да биде приведен.
Минатата година, Републичкото обвинителство на Истанбул откри дека Мухамед Јасир Ајдогмуш преку профилот „Fuat Avni“ на социјалната мрежа „Twitter“ вршел пропаганда на терористичката организација ФЕТО, како и дека тој е еден од членовите на мрежата кои обезбедувале разузнавачки информации за оваа организација.