Stipe Majic
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
ЗАГРЕБ
Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ се обрати на јавноста и на собраните партиски колеги во Археолошкиот музеј откако последните привремени резултати на Државната изборна комисија (ДИК) покажаа дека ХДЗ освои 68 мандати, со тоа што 76 се потребни за остварување на парламентарно мнозинство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Андреј Пленковиќ е дочекан од партинските колеги со скандирање „Победа, победа" и „ХДЗ".
Во своето обраќање Пленковиќ истакна дека станува збор за „сјаен резултат и сјајна победа на ХДЗ со партнерите" и им се заблагодари на сите хрватски граѓани кои излегоа на гласачките места и го дадоа својот глас, без оглед дали гласале за ХДЗ или некоја друга партија.
„Тоа е она што е демократијата, исказ на волјата на народот за насоката по кој пат да оди Хрватска. Нашата победа нѐ обврзува бидејќи имавме тежок мандат полн со искушенија зад нас, а предизвиците кои се пред нас се и поголеми, порача Пленковиќ.
„Хрватска има потреба од решенија и за економијата и за јавноздравствените предизвици, за јакнење на демократијата, јакнење на институциите, човечките и малцински права. Хрватска денес има потреба од влада која ќе ја води политиката на нов модерен суверенизам кој ги негува вредностите на ХДЗ на нашиот прв претседател др. Фрањо Туѓман бидејќи во последните години го поставивме ХДЗ на оној дел од полтичкиот спектар токму каде тој сакал", рече Пленковиќ.
Хрватската ДИК во 23 часот преброи 91 отсто од гласачките места, а зад ХДЗ, највеќе гласови освои Рестарт коалицијата со 43 гласачки мандати, следува Татковинското движење 15, Мост 8, коалицијата Можеме освои 7 мандати. На парламентарните избори излегоа 1,52 милиони гласачи, или 46 отсто од вкупниот број гласачи, што е рекордно мала излезеност досега.