Lejla Bıogradlıja
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
САРЕВО (AA) - ЛЕЈЛА БИОГРАДЛИЈА -
Босанскиот бурек, кој e пример nа традиционална храна на Босна и Херцеговина, и чија репутација ги преминува границите на земјата, е најбарано јадење од нејзините граѓани, а и од туристите при посетата на земјата.
Се проценува дека босанскиот бурек, кој е распространет на целиот Балкан, во кујната на Босна и Херцеговина за првпат влегол во средината на 1400-тите години. Бурекот, кој сè уште се прави по истиот рецепт, со месо, компири, сирење и спанаќ, е еден од симболите што ни доаѓа на ум, кога ќе се спомене Босна и Херцеговина.
Бурекчилниците кои можат да се сретнат во скоро секој агол на историската Башчаршија во главниот град, Сараево, се на врвот од рестораните што ги посетуваат повеќето странски туристи. Цената за килограм варира, зависно од видот на бурекот, помеѓу 18 и 27 турски лири (4 и 6 евра). Босанскиот бурек, претставува еден од најпосакуваните вкусови во Босна и Херцеговина.

Особено турските туристи што ја посетуваат земјата покажуваат голем интерес за „Сач“, една од бурекчилниците во Сараево. Оваа скромна бурекчилница во Башчаршија е една од многуте што подготвуваат босански бурек.
Емина Сарач, којашто работи во бурекчилницата „Сач“ веќе 20 години, нагласи дека бурекот го печат на сач (капак со сферен облик, под кој на огниште, во црепна или тепсија се пече леб, зелник, месо и слично), кажа: „И нашите потомци бурекот го печеле на сач“.
Сарач објасни дека босанскиот бурек се прави во согласност со рецептот заштитен со векови: „Ние ги користиме зачините што се користеле пред многу години, не додаваме нови состојки и се обидуваме да го заштитиме вкусот“, рече таа.
- „Ако нема бурек нема и храна.“ -
Сарач истакна дека босанскиот бурек е исклучително важен за кујната на земјата.
Сарач, којашто со години работи во бурекчилница, истакнува дека турските туристи и Турците што живеат во земјата, често доаѓаат овде.
Ферид Мујчиновиќ, кој пече бурек во оваа скромна продавница од денот кога е отворена, рече дека работи со огнот секој ден по 5-6 часа, ама сепак ужива во својата работа и покрај тешкотиите.

Мујчиновиќ објасни дека жените од кујната првин ги подготвуваат буреците, а потоа тој ги поставува на сач, покривајќи го сачот со жар. „По 15 минути, бурекот е подготвен за сервирање“, рече тој.
Џанер Бајандар, кој живее во Сараево, рече дека босанскиот бурек е многу вкусен. „Во Сараево има многу бурекчилници, но вкусот на бурекот печен на сач е поинаков“, истакна тој.
- Вкус кој не се заборава во Босна и Херцеговина -
Босанскиот бурек, кој, исто така, се служи со кајмак или без него, се подготвува на следниот начин: Тестото се растегнува да биде тенко како хартија, потоа се филува со состојката на краевите од кората, се обликува и претежно се пече на сач.
Босанскиот бурек е меѓу најпопуларните вкусови во Босна и Херцеговина и поради ниската цена.