İhvan Radoykov
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
СОФИЈА (АА) - Откако на денешните претседателски избори во Бугарија загуби кандидат што го поддржуваше, бугарскиот премиер Бојко Борисов соопшти дека на првиот состанок на Парламентот ќе ја достави својата оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Борисов, откако кандидатот на главната опозициска Социјалистичка партија на Бугарија, Румен Радев, на претседателските избори освои повеќе од 58 отсто од гласовите, изјави дека ќе го одржи своето ветување дадено пред изборите во врска со оставката.
„Не се каам за ништо. Отсекогаш сум бил дел од народот. Секој сигнал што го испраќа народот го чувствувам дури и на својата кожа", изјави Борисов.
Борисов претходно најави дека на првиот состанок на Парламентот ќе понуди оставка. Румен Радев кој е избран за претседател на Бугарија во првото обраќање на медиумите им рече дека „демократијата во земјата го победи статусот кво”.
Според неговите зборови, на политичката средина во земјата не видел ништо драматично. „Го повикувам секого одговорно да се однесува. Нема да заборавам ниту едно ветување и секое ќе го исполнам”, порача Радев.
- Што ќе се случи во Бугарија?
Според уставот, претседателот Росен Плевнелиев, чија должност завршува на 22 јануари нема овластување да го распушти парламентот во последните 3 месеци од својата должност.
Плевнелиев претходно најави дека политичката криза не значи парламентарната криза и дека ќе работи за формирање на нова влада во тековната собраниска средина. Новоизбраниот претседател Румен Радев се очекува да го распушти парламентот кратко по стапување на својата функција и на 22 јануари и го објави датумот за предвремени избори.
Меѓу другото се знае дека предвремените избори ќе бидат одржани во март или април 2017 година. Бугарскиот парламент ќе се состане во среда, на 16 ноември.