Admir Fazlagic
02 Ноември 2019•Ажурирај: 04 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Полициски службеници во кумановското село Ваксинце синоќа пронашле 14 мигранти од Индија, Пакистан и Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По претходна судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на Б.А. (44) од с. Ваксинце, при што се пронајдени 14 лица мигранти и тоа шест од Индија и по четири од Пакистан и Авганистан“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Се додава дека лицето Б.А. е лишено од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен содветен поднесок.