Ekipa
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 677 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 206.910, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 13 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.255.
Институтот за јавно здравје регистрира 517 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 191.649.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 8.006.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.317 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.412.395 тестирања.