Husamedin Gina
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 147 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 6.932, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа починале 6 лица, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 334.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупниот биланс на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјтата се искачи на 2.987.
Според соопштението, во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.611.
Во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 66.133 тестирања за овој вирус.