Bojana Stojanovic
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија во претходните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 почина 41 лице, а регистрирани се уште 7.579 новозаразени, додека до денес хоспитализирани се 6.597 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно во земјата регистрирани се 140.608 случаи на вирусот.
Од вчера тестирани се 22.231 лице, од кои 7.579 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период, починаа 41 лице, со што бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 1.315. Процентот на смртност изнесува 0,93 отсто.
На респиратори се приклучени 223 пациенти.
Од почетокот на епидемијата во земјата до сега тестирани се 1.682.416 граѓани.