Vesna Besic
07 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
САРАЕВО (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, допатува во дводневна официјална посета на БиХ, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата на свечен дочек со воени почести беше организирана пред зградата на Претседателството на БиХ, по што следуваше заедничко фотографирање на свечениот влез во зградата на Претседателството на БиХ. Вучиќ го дочекаа претседавачите и членовите на Претседателството на Бих, Драган Човиќ, Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ, со кои српскиот претседател ќе одржи билатерални средби.

По билатералните средби, планиран е состанок со официјалните делегации на БиХ и на Република Српска. Претседавачот на Претседателството на Бих, Драган Човиќ, и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање ќе информираат за резултатите од разговорите.
По посетата на Претседателството на БиХ, српскиот претседател во зградата на Собранието во источно Сараево ќе има состанок со раководството.
На вториот ден од посетата, петок, 8. септември 2017 година, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во зградата на Парламентарното собрание на БиХ ќе има состанок со членовите на колегиумот на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ, и со претседавачот на Советот за министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Се работи за прва посета на Вучиќ во БиХ, но и на една земја во регионот во својство на претседател на Србија, по стапувањето на должност на 31 мај. Исто така, ова е прва посета на српскиот претседател на БиХ по шест години.