Голем пожар кај Струмица, со огнот се борат сите пожарникари од регионот
- Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој се шири поради ветрот.

СКОПЈЕ (АА) - Голем пожар избувна во близина на градот Струмица, поточно во близина на градските гробишта и селото Баница, известува Анадолу.
Екипите на територијалната противпожарна единица на Струмица се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот кој се шири поради ветрот.
Според сликите објавени на социјалните мрежи, во близина на пожарот се гледаат населени куќи под опожарената област, додека пожарот неконтролирано се шири во неколку правци. На помош пристигнуваат и пожарникари од други градови.
Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на социјалните мрежи објави дека пожарот е локализиран од струмичката страна и нема опасност за куќите во село Баница.
„Благодарност до тимот на територијалната противпожарна единица и на сите што учествуваа во гаснењето на пожарот“, напиша Костадинов, нагласувајќи дека ги гонат подметнувачите и ќе работат до крај за да одговараат виновниците.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.