Mehmet Hatipoğlu
30 Декември 2017•Ажурирај: 31 Декември 2017
АТИНА (АА) - Третостепената независна жалбена комисија во Грција го прифати барањето за азил на еден од осумтемина пучисти кои пребегнаа во Грција по неуспешниот обид за државен удар во Турција минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Барањето за азил му е одобрено на војникот по име Сулејман Озкајнакчи, кој по одлуката на комисијата е пуштен на слобода.
Грчката новинска агенција АНА-МПА соопшти дека комисијата го прифатила барањето за азил бидејќи „според меѓународните договори, Советот на Европа и Амнести интернешенал, по обидот за државен удар, состојбата во Анкара, од аспект на човечки права е неприфатлива”. Во одлуката се наведува дека „доколку војникот биде предаден на Турција, тој не би имал праведно судење”.
Агенцијата наведува дека војникот кому му е прифатено барањето за азил, бил копилот во хеликоптерот со кој пучистите од Турција пребегале во Грција. Одлуката за останатите седум пучисти се очекува да биде донесена наредните денови.
Грчкиот апелациски суд во повеќе наврати ги одби барањата на Турција за испорака на осумтемина пучисти по минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во Турција.
Врховниот суд на Грција (Arios Pagos) кон крајот на јануари донесе одлука на Турција да не ѝ бидат испорачани пучистите кои како припадници на терористичката организација ФЕТО учествуваа во минатогодишниот неуспешен обид за државен удар во Турција, а подоа со хеликоптер на турската армија пребегаа во Грција.