Stipe Majic
28 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Два земјотреса со магнитуда од околу пет степени по Рихтер ја потресоа Хрватска утрово во 6:28 и во 7:49 часот со епицентар на подрачјето на Петриње, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Утрово, на 28 декември, во 6 часот и 28 минути, сеизмографите од Сеизмолошката служба забележаа силен потрес со епицентар кај Петриње. Магнитудата на потресот изнесуваше 5,0 според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот VII степени од ЕМС-скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Точните магнитуди на двата посилни и низата помали потреси се разликуваат засега зависно од изворите.
Епицентарот во двата земјотреса се наоѓаше југоисточно од Петриња.
Според податоците на Јавната противпожарна служба на Градот Загреб, на подрачјето на Загреб не е забележана материјална штета ниту имало потреба да се интервенира.
На подрачјето на градот Петриња забележана е материјална штета на зградите, оштетени се оџаците и фасадите, а штета е забележана и во Сисак.