Ekipa
10 Април 2016•Ажурирај: 11 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Мигрантите се судрија со македонската полиција откако се обидоа да ја поминат оградата која ја разграничува Грција со Македонија во пограничното гратче Идомени, јавува Anadolu Agency (AA).
Македонската полиција употреби солзавец и шок-бомби во обид да ги задржи подалеку, а мигрантите одговорија со фрлање камења врз полицијата. Грчката полиција не се вмеша во судирот, туку стоеше отстрана.
Судирите започнаа откако околу 500 мигранти, од вкупно 11.000 мигранти заглавени во кампот на грчката страна на границата, им поверуваа на гласините во кампот дека границата ќе се отвори. Кога македонската полиција ги негираше гласините, кои се ширеа од страна на активисти уште во текот на вчерашниот ден, над 100 мигранти, вклучувајќи и неколку деца, се обидоа да се искачат преку оградата.