Десетици трактори се паркираа околу Пионерскиот парк во Белград
За утре во главниот град на Србија е закажан досега најголемиот протест на студентите и граѓани на Србија со барање за одговорност за несреќата на Железничката станица во Нови Сад

БЕЛГРАД (АА) - Десетици трактори се паркираа околу Пионерскиот парк во Белград, Србија, каде што престојуваат студентите кои бараат да се прекине бојкотот на наставата на факултетите, јавува Анадолу.
Тракторите во текот на ноќта пристигнаа до Пионерскиот парк, каде што се паркираа.
Група граѓани кои се претставуваат како „Студенти 2.0“ веќе неколку дена престојуваат во Пионерскиот парк. Тие бараат продолжување на наставата на факултетите, која е прекината поради студентскиот бојкот.
За утре во главниот град на Србија е закажан досега најголемиот протест на студентите и граѓани на Србија со барање за одговорност за несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.