Bojana Stojanovic
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
САРАЕВО
Во БиХ во последното деноноќие се регистрирани 1.417 новозаразени со коронавирус. Во истиот период животот го загубија 44 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа во Заводот за јавно здравје на Федерацијата БиХ пријавени се 2.406 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 967 се позитивни.
Вкупниот број тестирани примероци во БиХ изнесува 506.243, од кои 99.983 биле позитивни на коронавирусот.
Досега во Федерацијата БиХ од последиците предизвикани поради заразеност со Ковид-19 животот го загубија 3.188 лица.
Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ оздравеа 83.342 лица. Во изминатите 24 часа оздравеа 261 заразен.
Во моментов активни се 13.453 случаи на зараза со Ковид-19.