Zylfije Adem Jakupi
14 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа почина едно лице од последиците на заразеност со Ковид-19, додека кај 80 лица е детектиран коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во изминатото деноноќие се тестирани 650 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 80 биле позитивни.
Од февруари досега тестирани се 76.623 лица, од кои 16.425 биле позитивни. Од последиците на заразеност со коронавирусот починаа 650 лица.
Во последните 24 часа оздравеа 55 лица, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 14.460. Во моментов активни се 1.315 случаи на заразеност со коронавирусот.