Agim Sulaj
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа уште 4 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 139, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се откриени уште 142 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 5.877.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 485 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 31.541 тестирања за вирусот.
Од овој вирус во Косово излекувани се вкупно 3.069 лица. Моментално има 2.669 активни случаи.