Aida Cako
07 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) - Над 40 лимитирани серии на моќни и спортски автомобили, во рамките на шестата сезона на „Премиум рели Софија - Свети Влас“ (Premium Rally Sofia - Saint Vlas), застанаа во Скопје каде што љубителите на автомобилите можеа одблизу да ги видат и да се фотографираат со нив, јавува Anadolu Agency (AA).

Ексклузивните возила тргнаа вчера од Софија, а денес напладне пристигнаа на плоштадот Македонија во центарот на Скопје. Во наредните три дена тие ќе поминат преку градови низ Грција, по што, ова сезонско рели ќе се заврши во крајбрежниот црноморски град Свети Влас во Бугарија.
Инаку, „Премиум рели Софија - Свети Влас“ се одржува со поддршка на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, а целта е да се подигне свеста за толеранција на патиштата.

Ова е ексклузивен настан кој традиционално се одржува секоја година, кој се смета за незаборавно искуство во комбинација на моќни и атрактивни автомобили, посетување на посебно избрани и интересни дестинации и ноќен живот во најдобрите клубови долж маршрутата.

Учесниците на релито се познати лица од областа на бизнисот како што се претприемништвото, градежништвото, архитектурата и информатичката технологија, кои имаат пасија за адреналин, брзи автомобили и незаборавни патувања.