Ekipa
07 Јуни 2018•Ажурирај: 08 Јуни 2018
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечкиот конзервативен политичар Јанез Јанша, чија Словенечка демократска партија (SDS) освои најголем број гласови на општите избори минатиот викенд, истакна дека ќе се обиде да формира коалициона Влада, иако повеќето од парламентарните партии ја отфрлија можноста за коалицирање со него, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот словенечки премиер денес се состана со претседателот Борут Пахор, кој формално го именува кандидатот за формирање на Влада.
„Ќе се обидам да формирам коалиција за Словенија“, нагласи Јанша.
Партијата на Јанша, која има антимигрантски ставови, во неделата освои 25 отсто од гласовите, што значи дека мора да има поддршка од другите политички субјекти во Парламентот на Словенија, кој има 90 пратенички места, за да стане премиер.
Меѓутоа, поумерените партии кои влегоа во Парламентот, најверојатно ќе формираат коалиција без Словенечката демократска партија (SDS).
Победата на Јанша на изборите го одразува поразот на популарноста на десничарскиот популизам во централна и источна Европа.