Admir Fazlagikj
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија соопшти дека Нна 05.12.2016 година во 17.55 часот, од вработен во Амбасада на САД, било пријавено дека пред главниот влез на амбасадата имало паркирано возило со скопски регистарски ознаки, кое по нивно кажување било сомнително, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, МВР појаснува дека од страна на полициски службеници веднаш по добивањето на пријавата излегле на местото на настанот и при извршената проверка од Одделот за антитероризам не биле пронајдени експлозивни материи.
Претходно, Амбасадата на САД во Скопје синоќа објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.
„Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512", наведува Амбасадата на САД во објавата на Твитер и Фејсбук.