Furkan Naci Top
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
АТИНА (АА) - Медиумите во Грција прогласија 24-часовен штрајк поради влошувањето на условите за работа и намалувањето на платите во рамките на мерките за штедење, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради штрајкот, цел ден на телевизиските канали и радиостаниците нема да се објавуваат вести, а пак утре весниците нема да излезат во печат. Државната новинска агенција „AΜΠΕ“ не ги опслужуваше со информации своите соработници.
Медиумските работници кои се собраа пред Синдикатот на новинарите во Атина, чекореа до плоштадот „Синтагма“, каде што се наоѓа зградата на Парламентот.
„Не за намалувањата и даноците“, е еден од слоганите што ги извикуваше групата од околу 200 лица, кои го искажаа својот револт и против намалувањето на пензиите.
Протестот траеше околу 2 часа и заврши без никаков метеж.