Zylfije Adem Jakupi
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ПРИШТИНА
Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, и делегацијата пристигнаа во службена посета на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар беше пречекан од косовскиот министер Армен Мехај со воена церемонија. Интонирани беа химните на двете земји, а министрите беа поздравени од построените припадници на гардата на Косовските безбедносни сили.
Следуваше состанокот на двајцата министри, по кој ќе се состанат и делегациите на двете земји. По состанокот министрите ќе дадат изјави за медиуми.
Министерот Акар ќе го прими и претседателката на Косово, Вјоса Османи. Се очекува министерот за одбрана на Турција да се сретне и со премиерот Албин Курти.
Министер Акар пред посетата на Косово престојуваше во посета на Босна и Херцеговина.