Furkan Abdula
28 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 409 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 223.739, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 9 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.917.
Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 211.021.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 4.801.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.751 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.581.175 тестирања.