Над 100 пациенти од пожарот во Кочани се лекуваат во странство, од кои 12 во Туркије
- Во Туркије се лекуваат 12 пациенти, во Србија 30, Бугарија 15, Грција 12, Словенија 4, Хрватска 5, Италија 4, Австрија 6, Белгија 4, Литванија 4, Шведска 4, Унгарија 6, Полска 2 и Шпанија 7

СКОПЈЕ (АА) – Над 100 пациенти сериозно повредени во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, Северна Македонија, се на лекување во странство, од кои 12 се во Туркије, јавува Анадолу.
Според податоците на веб-страницата на Министерството за здравство на Северна Македонија, 115 повредени во трагичниот пожар во Кочани се лекуваат во 14 земји, меѓу кои и оние од регионот.
Освен во Туркије, според Министерството, пациентите се лекуваат и во болници во Србија, Бугарија, Грција, Словенија, Хрватска, Италија, Шпанија, Австрија, Белгија, Литванија, Шведска, Унгарија и Полска.
Во Туркије се лекуваат 12 пациенти, во Србија 30, Бугарија 15, Грција 12, Словенија 4, Хрватска 5, Италија 4, Австрија 6, Белгија 4, Литванија 4, Шведска 4, Унгарија 6, Полска 2 и Шпанија 7.
Во раните утрински часови на 16 март, страшен пожар избувна во дискотека во Кочани, во којшто загинаа 59 лица, а над 170 се повредени.
Ноќниот клуб, во кој избувна пожарот, е утврдено дека работел без валидна лиценца.
Според надлежните, истрагата за пожарот е проширена и досега се опфатени вкупно 34 лица.
Во Северна Македонија од понеделникот е прогласена седумдневна жалост.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.