Besar Ademi
28 Април 2017•Ажурирај: 29 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Агим Нухиу, на прес-конференција во врска со инцидентот минатата ноќ во Собранието на Република Македонија, рече дека „дел од структурите на МВР не ја извршија својата должност ", јавува Anadolu Agency (AA).
Нухиу изјави дека инсистирал да се формира Оперативен штаб уште кога почнаа протестите и тој штаб беше формиран, а во него беа вклучени раководни лица од Министерството од сите области. Тој истакна дека како раководител на овој оперативен штаб беше избран директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, како што рече Нухиу, од моментот на ескалација на ситуацијата се до 20 часот раководителот на Штабот, Митко Чавков, не бил достапен за него иако го барал и телефонски и лично во Оперативниот штаб.
„Сакам да потенцирам дека, за жал, очигледно е дека во структурите на МВР политичкото влијание има голема улога, што е за секаква осуда. Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политички центри, нешто што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано”, изјави Нухиу.
Тој истакна дека МВР е институција која мора да го гарантира јавниот ред и мир, а не да биде институција под влијание на политички субјекти кои сакаат да ја злоупотребат за свои цели. Тој додаде дека најголемиот дел на припадниците на МВР беа професионисти и со нивна помош беше ставена ситуацијата под контрола.
Истакнувајќи дека се во контакт со Јавното обвинителство и дека сите тие кои го прекршеа законот ќе одговараат за постапките, Нихиу додаде дека „ќе барам мое повлекување".
„Чувствувам морална обврска затоа што за овој четиримесечен период колку што сум на чело на МВР не успеав да го тргнам влијанието на политиката во раководните структури на МВР и затоа ќе барам мое повлекување", нагласи Нухиу, и додаде:
„Ќе направам се за создавање на услови за трансфер на власта и ќе барам законска и кривична одговорност и за раководните структури на МВР за вчерашните настани".
Нухиу исто така го позрави озборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието на Македонија.