Amina Zorniç
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
БАЊА ЛУКА (АА) - На претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, му е одбиена визата за влез во САД, така што тој не ќе може да присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот на Република Српска, Додик се заблагодарува на повикот за учество на инаугурацијата.
Додик изрази надеж дека иако нема да присуствува на инаугурацијата, во поскоро време ќе се состане со членовите на администрацијата на Трамп.
„Претседателот на Република Српска, Милорад Додик се заблагодари за поканата да присуства на свеченоста по повод инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, и организаторите на свеченоста ги извести дека, за жал, морал да го откаже најавеното доаѓање затоа што неколку дена пред да отпатува, не добил виза за влез во САД. Претседателот Додик изрази благодарност и истакна дека очекува со лицата од новата администрација на претседателот Трамп да се состане во најскоро време, како и дека одложувањето на средбата од наведените причини нема да ја спречи изградбата на конструктивни односи и подобро разбирање“, се вели во соопштението од кабинетот на Додик.