Vesna Besiç
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
ЗАГРЕБ (AA) - Силен ветер и орканска бура создаваат проблеми во целата Далмација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Затворени се бројни патишта, а забележани се и пожари и рушење на стеблата. На сплитскиот Марјан забележан е рекорден удар на бурата од 176 километри на час, што е најголема позната брзина измерена кога било во Сплит.
„Претежно сончено, ладно и многу ветровито време се очекува денес во Хрватска. Во внатрешноста умерен и силен североисточен ветер, со удари на бура, а на Јадран силна бура со оркански удари која ќе го зајакнува студот“, соопштено е од Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска.
Најголемата дневна температура главно помеѓу - 2 и 3, на Јадранот од 3 до 8 степени.
Од Хрватскиот хидрометеоролошки завод се наведува дека и вториот викенд во Хрватска се очекува претежно сончево време, повремено со умерено наоблачување. Ветрот слаб и умерен североисточен и северен, на Јадранот умерена и силна бура со удари од невреме, особено во првиот дел од денот.
Најниската утринска температура од - 8 до - 3, на Јадранот од - 1 до 4. Највисоката дневна температура од 0 до 5, на Јадранот од 6 до 11 степени Целзиусови.