Dzihat Aliju
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа Конгресот на Унија на меѓународни демократи (UID), претставништво во Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На Конгресот на кој беше сменето името и статутот на организацијата, Салих Уташ повторно беше реизбран за претседател на UID во Северна Македонија.
Претседателот на UID Булент Билги, во изјава за медиумите истакна дека организацијата во наредниот период нема да биде активна само во Европа туку и надвор од неа.
Билги исто така истакна дека организацијата која ќе биде активна и надвор од Европа нема да се обраќа само на луѓето од турско потекло туку таа ќе се обраќа на сите останати.
Тој наведе дека покрај Европа ќе се организираат и во Америка, Аустралија, Јапонија и многу други земји.
Со преименувањето на UETD во UID нема да има некои значајни промени во нивната главна цел, истакна Билги, наведувајќи дека нивната цел е да додадат дополнителна вредност на земјите каде што имаат членови и да бидат мост меѓу таа земја и Турција.
Билги информирајќи дека имаат 153 општински организации во 37 региони во Европа, и 17 земји додаде: „Во наредниот период во земјите кои не се наоѓаат во рамките на нашата европска организација како што се Албанија, Косово, Азербејџан, Романија и Бугарија ќе се организираме на сериозен начин."
Претседателот на Унија на меѓународни демократи (УИД) во Република Северна Македонија, Салих Уташ, нагласи дека со поддршка на централата ќе организираат активности од областа на културата, уметноста и различни семинари.
Тој исто така посочи дека нивните активности нема да учествуваат само личности од Турција, туку ќе бидат вклучени и луѓе кои живеат во регионот.
„После ова веднаш ќе се организираме во другите балкански земји и многу други земји во светот", наведе Уташ.
Во текот на 6. Конгрес на Унијата на европските турски демократи одржан во мај месец минатата година во Сараево, Унијата донесе одлука за промена на нејзиното име, со тоа што името е Унија на меѓународни демократи (Union of International Democrats – UID).