Admir Fazlagic
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Заменик- премиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, упати честитка до генералниот директор на турската државна новинска агенција Anadolu Agency (AA) Шенол Казанџи и до претставништвото на AA во Скопје, по повод 97. годишнината од основањето на оваа агенција.
Во честитката, заменик-премиерот и министер Попоски вели дека за него преставува чест и задоволство да ја честита 97. годишнина од отворањето на турската државна новинска агенција Anadolu Agency (AA), и истакнува дека еден век, Anadolu Agency е сведок и забележувач на регионалните и глобални настани со голема репутација и кредибилитет, континуирано зголемувајќи ја довербата кај својот аудиториум и кај читателите.
„Македонскиот медиумски простор е збогатен со отворањето на официјалното претставништво на вашата агенција во земјава, со што добивме уште еден медиум што ќе ја информира јавноста во државата, регионот и светот со точни, веродостојни и навремени информации. Вашиот придонес во дневното медиумско покривање е од особено значење за Македонија. Се надеваме дека успешната соработка ќе продолжи и во наредните години“, се вели во честитката на министерот Попоски.