Ali Cura
20 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
КИЕВ (AA) -Во украинскиот главен град Киев по повод втората годишнина од почетокот на демонстрациите во Украина собраните се присетија на 111 лица кои ги загубија животите по повод тие немили настани, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрациите почнаа во 2014 година откако поранешната влада одби да потпише Спогодба за стабилизација и асоцијација со Европската унија (ЕУ) На церемонијата на одавање почест и сеќавање на жртвите на демонстрациите присуствуваше и претседателот на таа земја Петро Порошенко. На големиот екран кој е поставен на Плоштадот на независноста каде генерално беа одржувани демонстрациите поставени се сликите на 111 смртно страдани лица.
На загинатите сограѓани се присети и голем број државјани на Украина, оставајќи каранфили и свеќи. Невладините организации со различни настани ја одбележија втората годишнина од демонстрациите.
Кон крајот на 2013 година владата на Украина со Николај Азаров соопшти дека го одложува потпишувањето на спогодбата за придружување со ЕУ. Приврзаниците на евроинтеграциите тогаш започна со демонстрации и го завземаа Плоштаот на независноста во Киев.
На плоштадот поставија шатори и тоа траеше со денови. Владата им нареди на безбедносните сили да ги растераат демонстрантие што доведе до судир. Безбедносните сили интервенираа на многу груб начин што доведе до тоа да Плоштадот на независноста стане епицентар на судирите помеѓу безбедносните сили и активистите.
Протестите наречени "евромајдан" одржани се во цела Украина со голем број на мртви. Само на плоштадот,највеќе од снајперистите, животот го загубија 111 лица. Најжестоки судири на силите и демонстрантите беа од 18 до 21 февруари 2014 година.
Само на Плоштадот на независноста животот го загубија 84 лица од кои најмладиот е 17- годишниот Назар Војотович, а најстариот е 83-годишниот Иван Наконечниј. Илјадници демонстранти, помеѓу останатато, ги пугаа снајперистите чии идентитет не е утврден.
Од 100 лица, колку се сметаат одговорни за смртта на 111 лица, повеќето не се пронајдени а некои избегаа и во Русија.