Oktaj Omeragikj
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Северна Македонија информира дека во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, при што се регистрирани 109 нови случаи на заразување со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа во Северна Македонија се детектирани 109 нови случаи на заразување со новиот тип коронавирус, а во истиот временски интервал животот го загубија 3 лица, сите во болнички услови.
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 89 оздравени пациенти.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот во Северна Македонија досега се регистрирани 14.871 лице позитивни на Ковид-19. Оздравеа 12.054, а 609 лица починаа како последица на заразувањето со коронавирусот. Во моментов во земјата се активни 2.208 случаи.