Bakir Tiro
28 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
ЗАГРЕБ
Милан Бандиќ, градоначалникот на главниот град на Хрватска, Загреб, почина синоќа во 66. година од последиците од срцев удар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во длабока тага ги известуваме сограѓаните, сонародниците, пријателите, загребската и хрватската јавност дека ненадејно, денес, на 28 февруари во 66. година од животот од последиците на срцев удар почина градоначалникот на Град Загреб, господин Милан Бандиќ", соопштија од Град Забреб.
„Живееше за својот град, за граѓаните на Загреб кои во сето она што го работеше му беа на прво место, за работата која ја извршуваше со љубов и енергија 21 година", се додава во соопштението.
За деталите, терминот на погребот, одржувањето на комеморативниот собир, како и останатите информации, јавноста ќе биде информирана дополнително.