ВЕЛЕС
Министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Бекир Пакдемирли во рамите на посетата на Северна Македонија, денес беше и во градот Велес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пакдемирли и делегацијата составена од амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, главниот советник во турското Претседателство, Сабри Демир беа дочекани од градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Министерот Пакдемирли ја посети статуата на Мустафа Кемал Ататурк во Велес, а потоа се искачи на Саат-кулата и го разгледа градот.
Пакдемирли во изјава за Агенција Анадолија, истакна дека во рамките на неговата посета во балканските земји, бил во Албанија, Босна и Херцеговина и во Северна Македонија.
„Денеска сме тука во земјата на нашите предци, во Ќопрулу, или со своето ново име Велес. Го разгледавме Велес од кулата изградена во 17 век. Ги видовме ридовите од спротива каде беа населени нашите предци. Скоро пред 100 години, мојот дедо, заедно со таткото на мајка ми, го напуштија ова место за да си го спаси животот, имотот и се населија во својата татковина“, рече Пакдемирли.
Потсетувајќи дека ваквите миграции се случиле од балканските земји и турските републики во текот на 20 век, Пакдемирли нагласи:
„Миграцијата е секако остава многу важна траума во семејства. Од баба ми знам дека траумата на оваа миграција не може да биде надмината многу години во нашето семејство.“
- „Да нема принудна миграција“
Турскиот министер Пакдемирли нагласи дека е крајно погрешно да се принудат луѓето да ја напуштат својата татковина заради различни религии, јазици, раси, култури и мислења.
„Всушност, гледам дека Османлиите останеле како една од најголемите држави и империи во светот 6 века, бидејќи тие не го сторија ова во ниту една земја со која владееја. Сега мојот совет до човештвото е да нема принудни миграции, луѓето не треба да ги напуштаат своите земји. Оние кои сакаат да си одат нека отидат, но мислам дека не треба да има принудна миграција. Секако, сега сум многу емотивен поради тоа што сум тука“, рече Пакдемирли.
- „Мултикултурализмот е важно наследство од времето на владеењето на Османлиите"
Посочувајќи дека луѓето од Сирија денес ја доживуваат истата драма, Пакдемирли рече:
„Мултикултурализмот е важно наследство од времето на владеењето на Османлиите. Новоформираните Соединетите Американски Држави (САД) беа во можност да го заштитат ова наследство оставено од Османлиите, затоа дојде до оваа точка. Но, има многу работи што можат да служат како пример од Османлиите. Кога се основаше Америка беше инспирирана од Сулејман Величествениот и многу други султани. Со други зборови, нашиот сочувствителен пристап кон луѓето тука и нашата толеранција кон нив е исклучително важна. Мислам дека тоа треба да преставува пример за целиот свет", истакна Пакдемирли.
„Доколку Османлиите овде владееле и постапувале како другите земји, водејќи политика на асимилирање, тука немаше да остане ниту еден брат Албанец, ниту еден брат Македонец, ова место ќе беше целосно асимилирано во Турци и ќе беше многу различно место. Но, ние никогаш тоа (асимилирањето) не го сметавме како добро и нема да сметаме за добро“, додаде Пакдемирли.
Тој се осврна на важните инвестиции на Турција на овие простори.
„Особено во последните 20 години, со големите напори на нашиот претседател, направени се многу важни инвестиции, во однос на зачувување на културното наследство на овие простори. Направена се многу важна работи во смисла на обновување на историските споменици и одржување на турското присуство овде. Се разбира, не само за продолжување на турското постоење, ние сите балкански земји, како општа перспектива ги гледаме како пријатели и браќа, без оглед на нивната религија, раса и нација. Ние како земја поголем брат, ги посетивме трите земји, Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија. Мислиме дека ние треба да ги решаваме нивните проблеми, во рамките на нашите можности. И започнавме да ги решаваме", истакна Пакдемирли и додаде:
„Се разбира, проблемите на луѓето се многу помали во споредба со нашите проблеми и во однос на нивната популација, и во однос на структурата на приходот. Ние нив ги гледаме како поголем брат и без никаков интерес. Треба направиме се за да почувствуваат дека ние сме со нив и дека нашето срце чука заедно со нивното. Тоа и се обидуваме да го направиме.“
Турскиот министер за земјоделство и шумарство, Пакдемирли, денес ја посети и фабриката „Суташ“.