Ekipa
02 Мај 2021•Ажурирај: 03 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Православните христијани во светот и во регионот денес го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден.
Како и секоја година, според традицијата, во црквите се одржуваат велигденски литургии, кои годинава се прилагодени на посебни епидемиолошки мерки поради пандемијата на коронавирусот.
Обредите по повод празникот почнуваат на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Граѓаните претежно го слават Велигден во кругот на своите семејства, подготвувајќи традиционални јадења и одејќи в црква.