Fatjon Cuka
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ТИРАНА
Премиерот на Албанија, Еди Рама, го прими на средба претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Албанија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Средбата помеѓу Рама и Шентоп се одржа во кабинетот на премиерот на Албанија.
На средбата присутен беше и амбасадорот на Турција во Тирана, Мурат Ахмет Јорук, како и други претставници од двете земји.
Во текот на денешниот ден Шентоп се состана со неговиот албански колега Грамоз Ручи, како и со претседателот на Албанија, Илир Мета.
Шентоп ќе ја посети и Етхем беговата џамија во Тирана која се реставрира од страна на ТИКА, а утре ќе го посети и градот Скадар.