Admir Fazlagic
05 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) - Според досегашните податоци објавени на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), од обработени над 80 отсто од гласовите, Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, поддржан од СДСМ и владејачката коалиција, води со 52, 58 отсто освоени гласови, наспроти Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која според досегашните резултати има освоено 43,86 отсто од гласовите, јавува Anadolu Agency (AA).
На 3.480 избирачки места во земјава и на 32 во странство на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот.
Одѕивот на гласачите, врз основа на 98,63 проценти од обработените избирачки места, изнесува 44,55 проценти или 802.797 граѓани го искористиле правото на глас од вкупно 1.808.131 граѓани регистрирани во избирачкиот список.
Потсетуваме, првиот круг од претседателските избори се одржа на 21 април.
Од независноста на државата, ова се шести претседателски избори.