Протест во Кочани по смртоносниот пожар, демонстранти го демолираа кафе барот на сопственикот на дискотеката
Најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани

СКОПЈЕ (АА) – Во Кочани, Северна Македонија, се одржа протест по пожарот што го зафати ноќниот клуб во градот во кој загинаа десетици луѓе, пренесува Анадолу.
Демонстрантите бараа правда за своите блиски кои настрадаа во пожарот, а претходно фрлаа јајца пред зградата на општината.
Група граѓани демолираа и кафе бар, кој наводно е на истиот сопственик на дискотеката, која во неделата во раните утрински часови беше зафатена од пожар.
Најмалку 59 лица го загубија животот, а околу 155 се повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани.
Во Северна Македонија е прогласена седумдневна жалост, а десетици повредени се испратени на лекување во странство, од кои девет во Туркије.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.