Bojana Stojanovic
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
БЕЛГРАД - Пред Собранието на Србија во Белград вечерва се собраа бројни граѓани незадоволни поради повторното воведување на полициски час, а оние кои на кратко упаднаа во зградата на парламентот, беа исфрлени од страна на полицијата, јавува агенција Анадолија (АА).
Жандармеријата постави кордон на скалите пред влезот во зградата на парламентот, а употребен е и солзавец.
Пред Собранието на Србија се собраа повеќе илјади луѓе, на просторот меѓу плоштадот „Никола Пашиќ“ и зградата на Главната пошта. Сообраќајот на тој дел е запрен. Меѓу насобраните се и неколку лидери на опозицијата.
Полицајците за разбивање на демонстрантите исфрлија група демонстранти кои вечерва по 22 часот влегоа во градата на Собранието на Србија. Во текот на акцијата дојде до тепачка меѓу полицајците и демонстрантите.
Демонстрантите скандираа „предавство, предавство“ и пееја „Ој Косово, Косово“, „лопови, лопови“, „оставка, оставка“ и навреди на сметка на Вучиќ, додека на полицајците им сандираа „Фрлете ги штитовите“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ претходно најави дека од петок во 18 часот до понеделник во 5 часот наутро ќе биде воведен полициски час, односно забрана за движење, поради лошата епидемиолошка ситуација во земајата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.