Adnan İdriz,Dzihat Aliju
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
СКОПЈЕ (AA) – Весникот „Заман Македонија" на терористичката организација ФЕТО, што се издава Република Северна Македонија, донесе одлука за затврање поради финансиските потешкотии, поради слабата побарувачка од граѓаните и ефикасната борба на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на интернет страницата на весникот поврзан со терористичката ФЕТО, се истакнува дека весникот што се објавува на турски јазик и списанието што се објавува на албански јазик во наредните денови читателите ќе можат за последен пат да ги прочитаат.
Исто така соопштено е дека вестите ќе се објавуваат само на интернет страницата и преку социјаалните медиуми.
Владата на Република Северна Македонија на 28 јанурари оваа година објави дека весникот „Заман Македонија” е еден од 11-те печатени медиуми кој доби владини субвенции во рамки на Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година.
Сумата за материјална поддршка на неговото печатење изнесува 903.092 денари.
По ова, Амбасадата на Турција во Скопје и турските политичари во земјата остро реагираа и го осудија субвенционирањето од страна на македонската влада весникот „Заман Македонија" и протестираа пред амбасадата на Турција.