Furkan Abdula
16 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија вчера се аплицирани околу 5.000 дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, во земјата вкупно се аплицирани 1.657.833 дози вакцини против овој вирус.
„Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина“, се вели во соопштението.
„Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани“, се додава во ова соопштение.
Како што се наведува во соопштението на ова министерство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се наведува во соопштението.