Furkan Abdula
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 23 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 307.817, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.252.
Институтот за јавно здравје регистрира 190 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 297.354.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.211.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 953 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.984.493 тестирања.