Furkan Abdula
11 Август 2022•Ажурирај: 12 Август 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 600 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 333.948, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 10 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.410.
Институтот за јавно здравје регистрира 743 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 320.449.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.089.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.317 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања.